Македонската машка одбојкарска репрезентација во 2020 година за првпат ќе учествува во Златната европска лига.

Ова е резултат на одличните резултати на премиерното европско првенство за нас по кое дојдовме на 21 место на листата на ЦЕВ, па тоа ни овозможи во мај и во јуни наредната година да бидеме дел од највисокиот натпреварувачки ранг.

Највисокорангирана селекција тука е Белгија која е шеста одбојкарска сила на континетот, а во Топ 10 е и Холандија. Тука се и репрезентациите на Чешка, Турција, Украина, Словачка, Шпанија, Естонија, Португалија, Романија и Белорусија, односно 12 националниот тимови кои ќе бидат поделени во три групи со четири претставници.

Првото коло е закажаноз а 23/24 мај, додека последното е на 13/14 јуни. Завршниот турнир пак ќе биде на 20. и на 21. јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.