Македонката Мила Рељиќ го освои бронзениот медал на меѓународниот таеквондо натпревар Президенс куп Г2 одржан од 18-23 февруари во Хелсингборг, Шведска.

Рељиќ која е член на таеквондо клубот Тигри-Скопје настапи во категоријата -68 кг.

На пиедесталот бевме со светските велесили, Америка и Русија. Освоивме бронзен медал на Европскиот Президенс Г2 куп, на кој настапија 65 земји со 1.500 натпреварувачи. Ова е огромен успех по минатогодишните освоени 11 медали на меѓународни натпревари, меѓу кои и златниот медал на Босна опен Г1, натпревар и бронзен медал на Галеб опен Г1. Рељиќ минатата година беше пласирана на 5. место на Европското клупско првенство во Солун и 6-та на Мулти-Европските игри одржани во Софија, изјави Александар Ефтимов, тренерот на Мила Рељиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.