Македонија ќе биде еден од домаќините на Европското првенство за одбојкари во 2023 година. Ова денеска го потврди претседателот на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), Александар Боричиќ, кој беше на средба со премиерот Зоран Заев.

Македонија ќе биде домаќин на една од групите на ЕП.

Претходно во 2022, Македонија ќе го организира и ЕП за одбојкарки до 19 години.

Со тоа, и најдобрите македонски одбојкари ќе задржат континуитет во настапите на европските првенства, откако дебитираа пред две години во Словенија и имаат обезбеден пласман на следното, што ќе се игра во септември во Чешка, Финска, Естонија и Полска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.