Футсал репрезентацијата на Македонија со 5-3 ја совлада Грција на отврањето на квалификацискиот турнир за пласман во елитната рунда на СП.Македонија одигра две различни полувремиња, одлично прво по кое водевме со 3-0 со головите на Андов, Зибери и Левески.

Вториот дел го започнавме агресивно но направивме неколку грешки кои Грција ги казни и преку Ставрокопулос и Тарлас кој постигна два гола израмни на 3-3. Влеговме во драматичен финиш во кој со двата гола на Крстевски запишавме победа со 5-3.

Утре, Македонија за противник ја има селекцијата на Сан Марино која загуби од Албанија со 5-0. Средбата , Македонија – Сан Марино се игра од 20-00 часот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.