Филип Додевски (-87 кг) освои златен медал, а Дејан Георгиевски (+87 кг) сребрен на Европското клупско првенство за сениори во Солун – Грцијан кое не претставува ТКД Бутел од Скопје.

Додевски во финалето славеше против Драшко Јованов од Србија, а во полуфиналето го победи носителот на бронзениот медал од Светско првенство Трабелси од Тунис, кој се бори за австриски клуб.

Додевски ги победи: Дијамантидис од Грција, Бабаевски – Русија, Антониос – Грција, Трабелси – Австраија и Драшко Јованов Србија.

Дејан Георгиевски категорија (+87 кг) со две победи во пресметката на осумте најдобри тешкаши се закити со сребрениот медал.

Во финалето во до крај цврста борба со актуелниот светски шампион Абдул од Нигерија кој се бори за австриски клуб се избори за среброто. Дејан во  првата борба го победи Ѓорѓе Марчетиќ од Србија, а во полуфиналето Омар Ел Јазиди од Франција, вели тренерот Дарко Костовски од нашиот претсатвник на ЕП ТКД Бутел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.