Мајката на најдобриот светски тенисер, за прв пат во јавноста изнезе детали од кариерата на Новак Ѓоковиќ кои немаат директна врска со спортот туку со политиката. Таа раскажува дека Ноле е голем патриот кој си ја сака својата земја, но оти тоа можело да го чини живот.

Кога Новак во 2009 играл на Вимблдон, тој јавно дал изјава за поддршка за Косово дека е срцето на Србија. Поради тоа, бил на удар на албански екстремисти во Лондон.

Во куќата не чуваше Скотланд Јард бидејќи имале закана од тамошната албанска група затоа што даде поддршка на Косово. Тогаш имав страв бидејќи ти си во куќата а околу Скотланд Јард. И сите прашуваа зошто изгубил од Марат Сафин. Изгуби бидејќи беше под притисок, раскажа за Арена спорт Дијана Ѓоковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.