Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон е позитивен на Ковид-19. Ова го јавуваат сите светски медиуми, а го потврди и неговиот тим Мерцедес.

Тоа значи дека Британецот нема да вози на следната трка за ГН на Бахреин. Интересно е тоа што пред два дена тој победи на истата патека, но следува уште една трка во Бахреин. Од неговиот престој во Бахреин, Хамилтон во неколку наврати бил тестиран и секогаш бил негативен. Сепак утринава последниот тест покажал дека е позитивен, тој засега има само благи симптоми.

Со оглед на сите протоколи, Луис Хамилтон во моментов се наоѓа во изолација и нема да вози на следната трка“ објавија кусо од Мерцедес.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.