Македонија првпат за беше учесник на Европско првенство, оствари две победи во групната фаза и испиша историја, а северниот сосед Србија го крена шампионскиот пехар. Заврши одбојкарскиот континентален собир, за нас беше посебно интересен со оглед дека бевме директни учесници, а иако за малку побегна пласманот во нокаут – рундата, Александар Љафтов има позитивни импресии. Вели дека е задоволен што македонските одбојкари ги освоија срцата на фановите во нашата земја.

Европското првенство заврши. Ние за првпат имавме шанса да учествуваме и горди сме поради тоа. Србија победи денеска, но ние ги освоивме срцата на нашите фанови. Се надевам дека нема да биде последен пат. Благодарност до сите што не поддржуваа, напиша Љафтов на социјалните мрежи.

Македонскиот одбојкарски тим оствари две победи на шампионатот, против Белорусија и против ко-домаќинот Словенија, која на крајот стана и вицепрвак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.