Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, ги продолжува успешните настапи на турнирот во Белинцона и се пласира во самата завршница, односно меѓу осумте најдобри на овој турнир.

Во осминафиналниот дуел против Италијанката, Лукрезија Стефанини, Ѓорческа дојде до триумф со пресврт.

Откако го загуби првиот сет со 6:1, Лина значително го подигна ритамот во својата игра со што беше подобра противничка во следните два сета, кои ги доби со 6:3 и 6:0.

Во четврт-финалето, Ѓорческа ќе игра против уште една италијанска тенисерка, Лусиа Бронзети. Натпреварот се игра утре (петок, 9 април) со почеток од 10 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.