Пред да биде во врска со сегашната сопруга, Јелена, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, се забавувал со Лидија Поповиќ.

Лидија му била и прва девојка на еден од најдобрите тенисери на светот.

Освен по минатата врска со Новак, Лидија веќе долги години е позната диџејка.

Ноле за време на нашта врска секогаш беше внимателен и насмеан, но тоа беше далеку од сега, кога тој ги немаше обврските со кои се соочува денес. Сега носи голем товар на грбот како славен маж во светот на спортот – изјави неодамна Лидија за српските медиуми.

Нормално дека Ноле не е папучар, тој е друштвен и џентлменски настроен маж, барем јас така се сеќавам на него – вели Лидија врската со Ѓоковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.