Со оглед на сите работи што можевме да ги видиме изминативе денови во и околу изборот за нов претседател на МОК не можеме да останеме на страна. И затоа денес поднесовме претставка до Антикорупциска Комисија за едниот од кандидатите заради судир на интереси, вели Игор Кралевски.

Мислам дека МОК како институција и спортот во целина заслужува многу поквалитетни кандидати од постоечките кои што се едноставно недостојни за функцијата. Против двајцата кандидати има претставка до Антикорупциска, а до едниот дури и кривична пријава до Основното јавно обвинителство. Затоа ние како загрижени спортски работници ќе ги известиме амбасади во Македонија и уште денес ќе испратиме писмо до ИОК и ЕОК. На крај да резимираме Република Македонија и спортот едноставно заслужуваат повеќе

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.