По освоениот сребрен медал на Дејан Георгиевски во натпреварите во теквондо на Олимписките игри во Токио, неговиот тренер, Дарко Костовски, упати честитка преку социјалните мрежи.

СЛАВА ТЕБЕ ГОСПОДЕ !

 

ИМАМЕ СРЕБРЕН МЕДАЛ ОД ОЛИМПИСКИ ИГРИ ТОКИО 2020 ❗️❗️❗️

 

Го имаме најголемиот историски успех од како нашата Македонија е независна, браво лаву, браво јунак, ти си новата спортска МАКЕДОНСКА ИКОНА, ти си идолот на новите генерации !!!

 

А, тебе докторе, тебе брат Борче Костовски, за тебе имам неколку збора, ти си посебен, ти си генијалец и твојата работа низ годините наназад НЕ МОЖЕ со збор да се опише, тоа е за филм! Фала му на господ што те имам до мене, и што те има Деки до него, денешните стратегии беа како тие на Александар Македонски ❗️

 

ТЕСНО ФИНАЛЕ, НЕДОСУДЕН ЧИСТ УДАР ВО ГЛАВА, ЧИСТ, НО ТОА Е СПОРТОТ, ЗНАЕ ДА Е СУРОВ.

 

УХХХ СРЕБРО НА ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО ФУЛКОНТАКТЕН БОРЕЧКИ СПОРТ, ВО ОЛИМПИСКО ТАЕКВОНДО, СОН СО КОЈ ЈАС И БРАТ МИ ЖИВЕЕВМЕ ОтКАКО ПОСТОИ ТАЕКВОНДО КЛУБ БУТЕЛ ❗️

 

МАКЕДОНИЈО РАДУВАЈСЕ, СЕ ГЛЕДАМЕ НА ПЛОШТАД, СЕ ГЛЕДАМЕ ГОРДИ И ДОСТОИНСТВЕНИ НА ПЛОШТАД !!!

 

ЗА МАКЕДОНИЈА ❗️❗️❗️ – порача Дарко Костовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.