Јужнокорејската телевизија МБЦ упати извинување до својата јавност, а и до дел од земјите учеснички, поради срамното претставување за време на отворањето, откако оваа телевизија употребила неприкладни синоними во презентациите на олимписките тимови како што излегувале на дефилето во петокот.

Оваа телевизија употребувала синоними за дел од земјите, па така Украина ја претставила како Чернобил (најголемата нуклеарна катастрофа во 80-те), Вухан бил асоцијација за Кина (жариштето на коронавирусот), Италија ја презентирале како пица, Норвешка како лосос, додека Хаити било безредие, а Ел Салвадор – биткоин.

Маршалските острови биле презентирани како „нулкеарниот полигон на САД“, додека Сирија како земја во која има „десетгодишна граѓанска војна“.

Од МБЦ посочиле дека начинот на кој било изработено отварањето е неприкладно и непрофесионално, па се извиниле на сите земји, како и на сите гледачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.