Еден од најпознатите УФЦ борци на светот, Конор Мекгрегор, кој е меѓу најплатените светски спортисти, направи одлична бизнис зделка со неговиот бренд на Виски „Вистинскиот бр. 12“ (Whiskey Proper No. Twelve).

Тоа е марка на виски што излезе на пазарот во септември 2008 година, а го произведува компанијата „Ајри борн спиритс“ (Eire Born Spirits), основана од Мекгрегор и неговиот менаџер Оди Атар. Креирањето на овој бренд виски беше причина поради која Ирецот агресивно го рекламираше вискито секаде каде што ќе се појавеше, што, пак, му донесе огромна заработка во САД.

Успехот на ова виски беше причина што во некои продавници во Ирска продажбата беше ограничена на најмногу две шишиња по купувач.

Сепак, најголемата заработка од вискито, Конор ја оствари со продажбата на брендот на мексиканската комапнија за производство на текила „Бекле“, која го купи вискито на Мекгрегор за рекордна сума.

Мексиканската компанија, веќе поседуваше 20% од фирмата на Мекрегор уште од основањето, а минатата година склучи договор со кој доби 49% од акциите. Сега, „Бекле“ постигна договор со Ирецот за откуп на неговиот удел и стекнување контрола наад 100% од акциите, а зделката е вредна 130 милиони евра. Во договорот е оставена можноста Мекгрегор да остане поврзан со компанијата како заштитно лице на вискито.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.