Навивачката група Комити објавува дека полициски службеници од СВР Тетово во координација со навивачката група Балисти го пренасочиле автобусот на ФК Вардар од рутата кој Скопје и го насочиле кон настан на навивачите на Шкендија за да присуствуваат на прослава за испаѓањето на нивниот клуб од првата лига.

Припадници на Министерството за Внатрешни Работи (СВР Тетово) во неделата го стопираа автобусот на ФК Вардар, поради “рутинска контрола” на враќање од Струга. Откако ги идентификуваа патниците и се осигураа дека се фудбалерите и стручниот штаб на Вардар, им јавија на нивните колеги – “балисти” да дојдат и заедно “да го процесуираат случајот”.

Пристигнуваат ‘службени возила’ марка Голф 2, и го спроведуваат автобусот до надвозникот каде се наоѓаат уште 10тина нивни колеги во комбиниран состав МВР & балисти, за да извадат парола.

По спотот финансиран од Министерството за Култура, сега и МВР се вклучува во кампањата за поддршка на сепаратистите, со јавни ресурси, во работно време, од нашите џебови.

Ова да се случеше во Јапонија, веројатно високи функционери понизно ќе побараа прошка исправени кон народот, пред јавно да направат харикири во знак на срамот и газењето на честа. Но тука нема чест, ова е Македонија, која одамна не е унитарна, сега де-факто повеќе не е ни федерација ко што беше, туку веќе “функционира” како лабава Конфедерација.

Спасете ја Македонија, фрлете се во Вардар, кој можеби ќе го испере вашиот срам до Белото море, иако вие не се ни обидовте да го прочистите истиот тој Вардар!”, објавија Комитите на Фејсбук користејќи ги хаштазите: #СРАМ #БЕДОТИЈА #ПОНИЖУВАЊА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.