„QuantBioRes“ е името на данската компанија во која брачната двојка Ѓоковиќ, Новак и Јелена имаат 80 отсто сопственост. Потврдено е и дека тие го купиле својот удел во компанијата во јуни 2020 година, четири месеци од почетокот на пандемијата и два месеци откако Новак официјално ги изрази своите сомнежи за ефикасноста на тогаш непостоечката вакцина против Ковид.

Кој стои зад овој проект

Потврдата ја даде извршниот директор на оваа компанија Иван Лончаревиќ, иако можеше да се провери меѓу официјалните податоци од данскиот деловен регистар.  Ѓоковиќ го купиле својот удел преку белградската фирма „Тулуа д.о.о“, регистрирана во општина Стари Град, чиј заменик и директор е Вук Ковачевиќ.

Според официјалните податоци, QuantBioRes има 11 истражувачи кои работат во Данска, Австралија и Словенија, а извршниот директор Лончаревиќ забележува дека тие не се вклучени во правењето вакцини, туку во создавањето третмани за борба против вирусот.

Ѓоковиќ, очигледно, го најде својот начин да се бори против вирусот, без тоа да биде вакцина. Ваквиот став (да не ја прими вакцината) на крајот го чинеше учество на Австралија.

 Работам со иновации 20 години и секогаш се занимавам со она што јас го нарекувам вистинска иновација. За среќа, инвеститорите веруваа во мене во минатото – изјави Иван Лончаревиќ.

Според веб-страницата QuantBioRes, директорот и основач Иван Лончаревиќ работи на развој на лек за корона вирусот.

Вук Ковачевиќ е пријател од детството на Новак, а врската ја подигнаа на повисоко ниво во 2012 година, кога Вук се ожени со својата избраничка Тијана, а Новак му беше кум на свадбата. Тој припаѓа на кругот на најблиските пријатели на Ѓоковиќ и присуствуваше на свадбата на Новак и Јелена на Свети Стефан. Освен тој факт и тоа што е на чело на компанијата „Тулуа“ од мај 2018 година, многу малку се знае за него.

Да потсетиме, за информација Ѓоковиќ има уште тројца кумови – Миљан Амановиќ, Марко Стилитан и Невен Марковиќ.

Ентони Чарлс Сингсби е најмистериозната личност поврзана со QuantBioRes. За него речиси и да нема информации, освен дека се работи за 79-годишен адвокат од Лондон, кој со години инвестира во компании ширум Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.