Македонскиот ракометен селектор Кире Лазаров го одигра последниот натпревар за Нант во домашниот шампионат и на дуелот против Тулуз постигна три гола во победата од 32-18.

Лазаров вчера го најави својот крај на кариерата, па денеска се збогуваше од домашната публика, а до крајот на сезоната му останува да одигра уште еден меч и тоа против ПСЖ во Купот.

Нант ја заврши сезоната на втората позиција во француското првенство со 49 бодови, односно 11 помалку од шампионот ПСЖ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.