Кенискиот атлетичар Елиуд Кипчоге на денешниот маратон во Берлин, успеа да го урне сопствениот светски рекорд, истрча 42,195 метри за два часа, една минута и девет секунди што е за 30 секунди побрзо од претходниот негов рекорд.

Од самиот почеток на маратонот беше видливо дека Кипчоге ќе победи со добро време, па публиката му даваше поддршка да го урне рекордот кој самиот тој го држи.

На крајот Кениецот успеа, постави нов Светски рекорд со време од два часа, една минута и девет секунди.

Второто место го освои Марк Корир со време од два часа, пет минути и 58 секунди, додека трет беше Таду Абате со два часа, шест минути и 28 секунди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.