Кина ја зголеми предноста на табелата на освоени медали по 11 натпреварувачки денови на Олимписките игри во Токио.

Кинезите имаат 29 злата, со што се наоѓаат пред САД со 22 и Јапонија, која има 17 најсјајни медали.

Во денешниот ден беа поделени 20 комплети медали во атлетика, бадминтон, велосипедизам, кревање тегови, гимнастика, борење, едрење, коњички спорт и стрелаштво.

Табела на медали

Злата Сребра Бронзи Вкупно

1. Кина 29 17 16 62

2. САД 22 25 17 64

3. Јапонија 17 6 10 33

4. Австралија 14 4 15 33

5. Русија 12 21 17 50

6. Велика Британија 11 12 12 35

7. Франција 6 10 7 23

8. Германија 6 6 11 23

9. Јужна Кореја 6 4 9 19

10. Холандија 5 7 6 18.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.