Каратистката Пулексенија Јованоска утре рано наутро по средноевропско време ќе настапи на Игрите во Токио како претпоследна од осумчлениот македонски олимписки состав.

Настапот на 28-годишната Јованоска во дисциплината кати е најавен за во 03:00 часот во Нипон будокан салата во Токио

Јованоска ќе биде првата македонска каратистка во историјата со олимписки настап и воедно претпоследна, која ќе се бори за медал од осумчлениот состав на Игрите во Токио.

Последен од македонскиот тим на олимписката арена во Токио, в петок, ќе се појави борачот Магомедгаџи Нуров во категоријата до 97 килограми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.