Шеснаесетгодишната Ера Коџа, од карате клубот „Уранику“ од Дебар, се закити со златен медал во категоријата до 59 килограми за јуниори, на Балканското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржува во Река, Хрватска.

-Пресреќна сум. На мојата радост и нема крај. Ете златото блесна на моите гради, кусо ни рече во телефонскиот разговор Ера.

На нејзиниот голем успех горд е и тренерот Дурим Пачуку, кој на ова првенство во склоп на македонската карате репрезентација е со уште тројца каратисти од Дебар.

-Ера во финалната борба славеше против српската  каратистка Александра Милутиновќ 4-4, со прв освоен бод. Претходно ги совлада Дора Зугчин  од Хрватска, со 3-1, Касиани Фримаки, Грција со 6-2, Кристина Ѓорѓевиќ, Србија, со 6-0 и Зоја Авзнер, Словенија со 2-3. Чувството на гордост не можам да го искажам, ни рече Пачуку.

Тој искажува голема благодарност за поддршката на локалната власт, посебно градоначланикот Хекуран Дука и компанијата „Слајас“ за поддршката за нивното учество на ова првенство, кое почна на 26 а завршува денеска.

Пачуку исто така информраше дека македонските каратисти вчера освиле уште еден сребрен медал, Стефан Стојановиќ (+84лг, У-21) и четири бронзени медали

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.