Кирил Лазаров, капитенот на македонската машка ракометна репрезентација им честита и ги бодри одбојкарите на Македонија кои забележаа две победи на дебитанскиот настап на Европското првенство (ЕП) во Словенија кое е во тек.

Нашиот најдобар ракометар немаше потреба ништо да напише, доволна беше само фотографијата и симболите за да се опише гордоста и задоволството од одличната игра на македонските одбојкари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.