По четвртиот натпреварувачки ден од Олимписките игри во Токио, домаќините го презедоа водството на листата на освоени златни медали.

Јапонските спортисти досега освоија осум златни одличја, едно повеќе од САД, кои се на второто и Кина која со шест златни медали е на третото место.

По воведните четири натпреварувачки денови, златни медали освоија 23 држави.

Според вкупниот број на освоени медали, Кина е првопласирана со 18 одличја, пред САД со 14 и Јапонија со 13 медали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.