Италијанскиот велосипедист Давиде Ребелин загина на 52-годишна возраст откако за време на тренинг во него удрил камион, по што докторите не можеле да му го спасат животот.

Ребелин на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година успеа да стигне до подиум, но сепак медалот му беше одземен поради допинг-скандал поради кој мораше да паузира од спортот. По суспензијата се врати на својот омилен спорт, а во текот на кариерата оствари 61 победа.

Надлежните органи го истражуваат случајот и причината за сообраќајката бидејќи според првите информации камионот го удрил велосипедистот по што продолжил да вози.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.