Италијанецот Ламонт Марсел Џакобс е нов олимписки шампион откако победи на трката на 100 метри на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио.

Џејкобс во финалната трка ја мина целта за време од 9.80 секунди и постави европски рекорд, односно го подобри неговото време од полуфиналето, кое исто така беше најдобро време на Стариот континент (9.84).

Џејкобс е роден во САД, татко му е Мексиканец, додека мајка му е Италијанка, а животот го минале во Италија. Атлетичарот стана и европски првак во сала на 60 метри оваа година, додека пред две години на Светското првенство во Доха испадна во полуфинале.

Среброто го освои Американецот Фред Керли, додека третото место му припадна на Андре де Грас од Канада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.