Женската репрезентација на Нов Зеланд во рагби 7 ја победи Франција во финалето на олимпискиот турнир со 24:12 и го освои првиот златен медал за најуспешната рагби нација во историјата.

Тоа на нивните машки колеги не им успеа на олимпиското деби на рагби 7 во Рио де Женеиро во 2016 година, ниту, пак, на Игрите во Токио, каде во финалето без поразени од бранителот на титулата Фиџи.

Затоа, пак, репрезентативките на Нов Зеланд до златото стугнаа на убедлив начин и со максимален ефект.

По победите во групната фаза над Кенија (29:7), Велика Британија (26:21) и Русија (33:0), Нов Зеланд повторно беше убедлив против Русија во четвртфиналето (36:0), а во полуфиналето го совладаа Фиџи со 22:17.

Фиџи со триумфот над Велика Британија од 21:12 го освои третото место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.