Шпанската полиција потврди како е покрената потрага по познатата скијачка, 56-годишната Бланка Фернандез Очоа која последен пат е видена пред седум дена. Била забележана во предградие на Мадрид додека се возела со своето возило „Мерцедес“ и од тогаш и се губи секоја трага. Возилото е пронајдено, но според извори од полицијата во Мадрид, немаат никакви конкретни докази и сознанија што се случило со Очоа.

Поранешната скијачка станот го напуштила без својот мобилен телефон и во меѓувреме не ги користела кредитните картички. Нејзиното исчезнување го пријавила ќерката Оливиа Фреснеда.

Бланка Фернандез Очоа, стана шпанска спортска хероина откако на Зимските Олимписки игри во 1992 година во Албервил, Франција го освои бронзениот медал во слалом и стана првата шпанска скијачка која освоила медал од ЗОИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.