Богатството на поранешниот романски тенисер Јон Цирјак, на Балканот познат како кумот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, њ проценето на два милијарди долари. Тој е единствениот поранешен спортист кој стигнал на листата на милијардери, што го прави најбогат човек од светот на спортот на сите времиња.

За споредба, Роже Федерер кој е втор на листата на најбогати тенисери, има заработка од 450 милиони долари, а богатството на Новак Ѓоковиќ се проценува на 200 милиони долари.

Но, Цирјак парите не ги заработи само од тенисот, имајќи предвид дека во неговата кариера не освои многу турнири. Денес 80-годишниот милијардер, беше успешен агент на неколку тенисери меѓу кои и Борис Бекер во врвот на неговата кариера.

Тој ги препознал бизнис можностите при падот на Берлинскиот ѕид и го искористил тоа движење за да се врати во Романија токму по падот на Чаушеску. Станува застапник на Метро АГ и Мерцедес.

Парите ги вложува во осигурителна компанија, приватна банка, авио компанија, туристичка агенција. Денес е работодавач на 20.000 вработени и е директор на Мастерс турнирот во Мадрид, со тенденција да го издигне на ниво на Грен слем.

Денес живее во Монте Карло со трите деца кои ги добил од неговиот брак, но самиот признава дека има 32 вонбрачни деца, како и дека се грижи за 300 напуштени малолетници, на кои им изгради мал приватен рај во Брашов.

За време на катастрофалните поплави во Србија во мај 2014, тој донираше 100 илјади евра за помош на загрозените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.