Македонскиот автомобилист Игор Стефановски имаше денеска забележителен старт на новата сезона во првенството на ТЦР Италија, освојувајќи го четвртото место на патеката во Монца во конкуренција на 24 возачи

Стефановски стартуваше од четвртата позиција на дождливата патека, но веднаш изби на лидерската позиција на која остана осум минути пред да биде престигнат од крајниот победник на трката и актуелен шампион Салваторе Тавано.

Focus on today's race 🇲🇰😉 Autodromo Nazionale Monza PMA Motorsport #igorstefanovskiidze #igorstefanovskiracingteam
photo: damianofiorentiniph

Posted by Igor Idze Stefanovski on Friday, 30 April 2021

Зад Тавано, кој попладнево стигна до својата 21 победа во кариерата, се пласираа Анти Бури и Ерик Бригољари, додека Кевин Чекон заврши како четвртопласиран, а Стефановски имаше петто време. Сепак, поради казната од пет секунди за Бури, Финецот од втората се спушти на петтата позиција, овозможувајќи му на Стефановски да се искачи место погоре и да заврши на четвртото место.

Втората трка од новата сезона е на програмата в недела, со почеток во 10:10 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.