Британецот Луис Хамилтон е победник на трката од Шампионатот во Формула 1 возена вечерва за Големата награда на Мексико.

За Хамилтон ова беше 83. победа во неговата кариера и подиум број 100 како возач на Мерцедес.

Втор низ целта мина Германецот во тимот на Ферари, Себастијан Фетел, додека трет заврши Валтери Ботас од Мерцедес.

Сепак, на Хамилтон за да ја обезбеди шампионската титула ќе му треба најмалку уште една трка, бидејќи вечерва не успеа да направи доволно голема бодовна разлика во однос на клупскиот колега Ботас.

Во Генералниот поредок кај возачите Хамилтон е прв со 363 бода, пред Ботас кој има 289.

Кај конструкторите води Мерцедес со 652 Мерцедес, Ферари има 486, трет е Ред Бул со 341 бод.

Следната трка ќе се вози во САД на 3 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.