Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон победи на првата трка во новата Формула 1 сезона возена вечерва за Големата награда на Бахреин. Второто место му припадна на Макс Верстапен од Ред Бул, а трет беше Валтери Ботас од Мерцедес.

Пласман на првите 10:

  1. Луис Хамилтон (Велика Британија, Мерцедес) 1:32:03.897 часа
  2. Макс Верстапен (Холандија, Ред Бул) – 0.745 заостаток
  3. Валтери Ботас (Финска, Мерцедес) – 37.383
  4. Ландо Норис (Велика Британија, Мекларен) – 46.466
  5. Серхио Перез (Мексико, Ред Бул) – 52.047
  6. Шарл Леклер (Монако, Ферари) – 59.090
  7. Даниел Рикиардо (Австралија, Мекларен) – 1:06.004
  8. Карлос Саинц (Шпанија, Ферари) – 1:07.100
  9. Јуки Цунода (Јапонија, АлфаТаури) – 1:25.692
  10. Ленс Строл (Канада, Астон Мартин) – 1:26.713. зс/

Синот на Михаел Шумахер, Мик дебитираше на патеката во Бахреин во Формула 1. Тој чекори по стапките на својот татко, а со 22 години е еден од најмладите дебитанти. Немаше забележителен успех, заврши на 16-то место. Зад него завршија Гесли и Латифи, а трката воопшто не ја завршија Алонсо и Мазепин.

Шумахер цел круг заостана зад победникот Хамилтон,  но сепак веројатно очекувањата поради презимето беа преголеми. Неговиот татко, легендарниот Михаел Шумахер се уште закрепнува од повредата заработена на Алпите на скијање пред неколку години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.