Актуелниот светски првак во Формула 1 Луис Хамилтон најави денеска дека би сакал да го продолжи договорот со екипата на Мерцедес пред почетокот на летната пауза.

Седумкратниот светски шампион на 8 февруари потпиша едногодишен договор со Мерцедес што истекува на крајот од актуелната сезона во Формула 1.

-Не сакаме да брзаме, но мислам дека мораме да бидеме разумни и да започнеме разговори. Тоа се официјални разговори и се надевам дека наскоро ќе ги започнеме, сè додека тоа не ја попречува работата која ја работиме, изјави Хамилтон.

Британскиот возач вчера победи на трката за Големата награда на Шпанија и стигна до третиот триумф во четвртата трка во новата сезона

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.