Сега веќе поранешниот Формула 1 возач, Роман Грожан објави нова фотографија од своите дланки по страшната несреќа на трката за Големата награда на Бахреин возена на 29 ноември минатата година.

За потсетување, Грожан со голема брзина се заби во оградата по што неговиот болид се запали, а за среќа тој помина без поголеми повреди.

Поради изгореници три дена помина во болница, а опоравувањето го продолжи во својот дом во Швајцарија.

Пред 3 недели ја објави првата фотографија од неговите изгорени раце, но сега ги тргна завоите.

Неговиот тим – Хаaс Ферари уште од поодамна реши нему и на неговиот клупски колега, Кевин Магнусен да не им ги продолжи договорите. На нивното место во новата сезона во Ф1 ќе се натпреваруваат Мик Шумахер и Никита Мазепин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.