Карантинот поради пандемијата од новито коронавирус му паѓа тешко на грчкиот тенисер Стефанос Циципас. Во видео што го постави на Јутјуб каналот, наведува како го поминува денот и  зошто не е со семејството.

– Што правам во карантин? Читам книга. Се обидувам да се образувам, но и да одржам форма. Сепак, имам чувство дека добивам на тежина и тоа навистина се случува. За некои работи не расудувам нормално, како да губам разум. Наредните неколку недели ќе бидат пресудни за мене, порача Циципас кој последниот меч на АТП турот го одигра против Новак Ѓоковиќ на 29 февруари.

Со семејството не е поради, како што рече, недоразбирање.

– Се осамив. Такви работи се случуваат кога сте долго во изолација. Почнувате да разговарате со предмети и да губите здрав разум. Ако се прашувате зошто не сум со семејството, тоа е поради кавгата, пред неколку дена и едноставно се разидовме. Сè уште ги сакам и понекогаш сакам да ги видам, но секогаш е стресно да се биде со нив. Затоа решив да бидам сам, потенцира Циципас

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.