Натпреварот помеѓу 22-годишниот Стефанос Циципас и 24-годишниот Александар Зверев ќе биде најмладото полуфинале на Ролан Гарос од 2008 година, кога 22-годишниот Рафаел Надал го победи 21-годишниот Новак Ѓоковиќ.

Исто така, натпреварот помеѓу Гркот и Германецот ќе биде најмладото полуфинале на Грен слем од Австралија опен во 2010 година. Тогаш 22-годишниот Енди Мареј го совлада 21-годишниот Марин Чилиќ.

За потсетување, победникот на средбата, на крајот на турнирот ќе го замени Доминик Тим во Топ-4 на АТП ранг листата.Во меѓусебните досегашни дуели води Циципас со 5:2.

Стефанос е новата грчка и светска тениска звезда. Доаѓа од Атина и сите прогнози се дека за неколку години ќе биде рекет број 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.