По осумчасовна сага на аеродромот во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ доби вест дека ќе биде депортиран од Австралија и ќе биде испратен со еден од наредните авионски летови кон својата родна Србија, одлука со која се стави крај на драмата која траеше неколку месеци, а која заврши на најневеројатен можен начин.

Новак нема да ја брани освоената титула на првиот грен слем турнир во годината, а клучниот збор во дадената ситуација ја имала граничната полиција која не го одобрила неговото „медицинско ослободување“ за вакцинација против Ковид 19.

– Граничната полиција на Австралија продолжува да се бори за правата на оваа земја. Оние кои пристигнуваат на граница, треба да ги почитуваат правилата за влез во земјата.

– Може да потврдиме дека господинот Ѓоковиќ не ги понуди потребните докази со кои би ги исполнил условите за влез во Австралија, па поради тоа неговата виза е укината.

– Исто така, можеме да потврдиме дека Новак имаше пристап до својот телефон цело време додека беше во собата на аеродромот, – гласи објавата на граничната полиција која го држеше Србинот во „имиграциски притвор“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.