Комисијата за заразни болести даде дозвола за одржување на спортската манифестација „Охрид трчаТ“ која е закажана за 28 до 30 август.

Голема благодарност до Комисијата за заразни болести за начинот на комуникација и посветеноста заедно да го направиме тоа што е најголем приоритет за сите нас во овој момент, заштита, безбедност и сигурност на сите учесници на настанот. Одговорноста е голема. „Охрид трчаТ“ ќе биде прва улична трка за оваа година во нашата земја и пошироко и навистина ни претставува голем мотив и предизвик, во вакви услови да го покажеме нашиот професионализам и визија за подоброто утре наше, на Охрид и на Македонија – изјави директорот на трката, Иван Цветкоски.

Вкупниот број на учесници е ограничен на 500, по 250 на полумаратонот (21 километар) и 250 за рекреативната трка на 5 километри. Пријавувањето е отворено до 23 август, доколку претходно не се исполни предвидениот одобрен број за учество.

Сите учесници кои ќе се пријават до 20 август ќе имаат право да си имаат име и презиме на стартниот број.

Пријавувањето е на официјалната страна www.ohridtrcat.mk.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.