Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми тргна кон посакуваната титула на првиот Грен Слем турнир сезонава Австралијан Опен кој се игра во Мелбурн.

Во првото коло тој со сигурни 3-0 во сетови (6-3, 6-4, 6-0) славеше над Роберто Карбаљес Баена од Шпанија. Четвртиот носител на турнирот го победи ривалот по два часа игра.

Со оваа победа Ѓоковиќ се врати на Австралијан Опен, откако лани му беше забрането да игра поради ковид-протоколите. Во следната рунда, Ѓоковиќ ќе игра со Куакау од Франција или Делиен од Боливија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.