Пласирањето на 17 место дебитантското учество на Европското првенство во Словенија, ја доведе македонската одбојкарска репрезентација две места погоре на европската ранг листа. По овој историски ранг на ЦЕВ, капитенот на репрезентацијата, Никола Ѓоргиев испрати јасна порака која е следната желба и молба.

17-то место на ЕП 2019 и 21. место на ЦЕВ ранкингот за 2019 година. Голем напредок и историски резултат на дебито. Овој циклус од две години е УСПЕШЕН… Честитки до ОФМ и целиот стручен штаб и играчите ❤️

 

Следниот циклус за наредното ЕП започнува денес. Квалификациите за наредното ЕП се август, септември 2020 година. Би сакал да го продолжиме континуитетот на големи натпреварувања и да после две години бидеме подобри од 17. место на ЕП и 21. во Европа. Знам дека МОЖЕМЕ!

 

П.С. Нова идеја – СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2022 Русија зошто да не ???

 

П.П.С. ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2023 МАКЕДОНИЈА (еден од организаторите) сонот на оваа генерација. Ве молиме помогнете, напиша капитенот на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.