Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, зборуваше за својата психолошка состојба околу тоа што му се случуваше откако беше депортиран од Австралија поради тоа што не беше вакциниран против корона вирусот.

Да бидам искрен, на почетокот ја потценив мојата емоционална состојба. Мислев дека по напуштањето на Австралија, ќе продолжам нормално. Но, потоа, уште неколку месеци, ги чувствував емоционалните и психолошките одгласи на она што се случи. Во последно време почнав да се опоравувам, сето тоа го оставив во минатото и го претворам во гориво и позитивна енергија – изјави српскиот тенисер за „Tennis Majors“.

Попладнево Ѓоковиќ ќе го игра првиот полуфинален меч на АТП турнирот во Мадрид, а негов противник ќе биде домашниот тенисер, Карлос Алкараз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.