Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес ја започна 311. недела како прв „рекет“ на светот, се наведува на официјалната веб-страница на АТП.

Така, 33-годишниот Србин постави нов рекорд во светот на тенисот. Претходното достигнување му припаѓаше на Швајцарецот Роџер Федерер (310 недели).

Новак Ѓоковиќ е 18-кратен победник на Грен слем турнирите, вклучувајќи го и  неодамнешниот трофеј од Австралија опен 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.