Откако беше депортиран од Австралија, Новак Ѓоковиќ реши да одмора на планинскиот Балкан. Тој ја посети Црна Гора каде престојуваше неколку дена, а потоа се врати во родната Србија каде сѐ уште се одмара.

Секако, секое негово движење го следат сите околу него, па добар дел од неговиот одмор е снимен. Во Црна Гора, на пример, се снимаше како се шета по улиците на градот, а сега во Србија беше снима на богослужба.

Тоа немаше да биде ништо чудно доколку не се причестеше од иста лажица со стотици други верници во храмот на Свети Сава.

Снимка од Ѓоковиќ како јаде од лажицата што му ја дал патријархот Порфириј, од која се причестувале сите други, ја објави Стефан Шариќ, викарниот епископ на патријархот на СПЦ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.