Светскиот тенисер број еден, Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Отвореното првенство на Франција во 2020 година откако го совлада Шпанецот, Пабло Карено Буста со 4–6, 6–2, 6–3, 6–4.

Освојувачот на 17 грен слем титули ќе се соочи со светски рекет број шест, Стефанос Циципас, кој претходно го победи Русинот Андреј Рублев, во мечот за финалето.

Другиот финалист ќе биде одреден во пресметката помеѓу 12-кратниот шампион на Ролан Гарос, Рафаел Надал и Аргентинецот, Диего Шварцман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.