Најновото ранигање на АТП го потврди ракордот на Новак Ѓоковиќ кој влезе во историјата на тенисот како единствениот кој 311 недела е светски број еден.

Ѓоковиќ го надмина остварувањето на Федерер и ја потврди својата доминација во последната деценија во „белиот спорт“.

Србинот во Белград е пречекан како „крал“, Новак е спортска „икона“, еден од најпопуларните спортисти во земјата, оспоруван од некои во светот, но рекордер по бројот на неделите минати на првото место на АТП.

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Ноле организираше прием во ресторанот „Новак“, тој беше поздравен од огромна група на свои фанови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.