Потпомогнат од беспрекорен сервис светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ дојде до целта и го победи Циципас со 6:7(6), 2:6, 6:3, 6:2, 6:4 за својот втор шампионат на Ролан Гарос и вкупно 19-та грен слем титула.

Не сакам да застанам тука, рече Ѓоковиќ, кој ги рашири рацете, па се удри во со градите и клекна да ја допре црвената глина на теренот „Филип Шатрие“ откако го заврши мечот со волеј од скок.

Како што стојат работите, Ѓоковиќ е на само еден голем трофеј од израмнувањето на машкиот рекорд од 20 грен слемови во кариерата, кој го делат Рафаел Надал и Роже Федерер и ќе ја добие првата шанса на Вимблдон, кој започнува за две недели.

Пред помалку од два дена Новак го запре супериорниот Рафаел Надал, нанесувајќи му го само третиот пораз во кариерата на овој турнир, за денеска повторно да блесне и да стигне до својот 19. гранслем трофеј во кариерата.

Ова се два незаборавни денови за мене, дефинитивно овие 48 часа ќе ги паметам додека сум жив. Сон е да се биде овде и по една ваква борба да го освојам еден од најзначајните трофеи во нашиот спорт. Многу добро знам низ што минува Стефанос Циципас, и јас имам губено гранслем-финалиња. Сепак, ова се моменти од кои најмногу се учи и верувам дека тој ќе излезе уште посилен по денешниот пораз и дека во иднина ќе освои многу трофеи на најголемите турнири, изјави Ѓоковиќ.

34-годишниот Ѓоковиќ го елиминираше 13-кратниот шампион на Францускиот опен, Надал – предизвик што Србинот го спореди со искачување на Еверест – во полуфинале кое траеше повеќе од четири часа во петокот навечер.

Тоа беше само трет пораз во кариерата на Надал во 108 натпревари на Ролан Гарос.

Ѓоковиќ исто така го победи Надал во четвртфиналето во Париз 2015 година пред да го загуби финалето во таа година и се чинеше дека истата судбина го чека во неделата.

Тоа е затоа што Ѓoковиќ изгледаше рано исцеден, 22-годишниот Циципас имаше предност за два сета.

„Тоа не беше лесно за мене“, рече Ѓоковиќ, „и физички и ментално“.

На крајот, сепак, тој го извади најдоброто од гем во гем и се врати на патеката и, неверојатно, не се соочи со ниту еден брејк поинт во последните три сета.

Ова беше уште еден натпревар кој траеше повеќе од четири часа, а Ѓоковиќ повторно беше на висина на задачата.

Атмосферата беше неверојатна против Рафа и денес против Стефанос“, рече Ѓоковиќ.

„Дефинитивно ќе ги паметам овие последни 48 часа до крајот на животот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.