Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа зошто е голем шампион. Покрај тоа што е неверојатен на тениските терени, тој покажува дека е многу скромен и нормален дечко и надвор од нив.

По првиот тренинг кој го одржа во Токио, тој слободното време го искористи како би се дружел со спортистите од регионот во олимпиското село. Покрај дружбата со неговите сонародници од Србија и дел од македонската експедиција имаше можност да се запознае со најдобриот тенисер во светот.

Македонскиот пливач Филип Деркоски на социјалните мрежи сподели фотографија со Новак Ѓоковиќ.

 

Извор: ЕКИПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.