Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, е новиот шампион на турнирот во Рим. Тој стигна до петтата титула во „вечниот град“ по победата над Аргентинецот Диего Шварцман со 7:5, 6:3.

Србинот ја освои рекордната 36-та титула на Мастерс-турнирите и по тој показател е на првото место на вечната ранг-листа. Ѓоковиќ стигна и до 81-от трофеј во кариерата.

Триумфот на Новак му донесе нови 400 АТП поени, со кои ја зголеми предноста пред второпласираниот Рафаел Надал. И тоа на денот кога го престигна Пит Сампрас на второто место на вечната листа според бројот на недели поминати на првата позиција.

Ѓоковиќ стана најстариот шампион на Рим во историјата.

Шварцман се бореше за првата титула на турнирите од серијата 1.000, но по фантастичните победи над Надал и Шаповалов, не можеше да го совлада првиот тенисер во светот.

Условите беа тешки, особено на почетокот. Малку врнеше, имаше малку ветер и врева, ми требаше време да се навикнам. Генерално, не го покажав најдобриот тенис цела недела. Но, ја пронајдов својата игра кога ми требаше во решавачките моменти. Тоа ме прави многу среќен. Среќен сум што освоив уште една голема титула, рече Ѓоковиќ по победата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.