По спектакуларниот пресврт, Новак Ѓоковиќ го совлада Стефанос Циципас со 3: 2 во сетови и со тоа дојде до својата втора титула на Ролан Гарос.

Тој уште еднаш ја воодушеви јавноста и тоа не само со играта, туку и со потегот што го направи првиот светски рекет по мечот. Имено, во моментите на најголемата возбуда, Ѓоковиќ уште еднаш докажа дека е добар човек. Тој го слушна повикот на едно мало дете од трибините како го повикуваше по натпреварот и му го даде својот победнички рекет со кој дојде до титулата.

Момчето се израдува, плачеше од среќа и скокаше од радост.

 

На прес конференцијата Ѓоковиќ беше запрашан кое е детето.

Не знам кое е момчето, но цело време го слушав. Тој ме охрабри кога губев со 2-0. Дури ми даваше совети за време на натпреварот, како тренер ха-ха. Тој беше најдобриот избор, сакав да му го дадам рекетот, бидејќи тој ме поддржуваше во текот на целиот натпревар, рече Ѓоковиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.