Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по деветти пат се пласира во финалето на Грен слемот Австралија опен, откако го совлада Русинот Аслан Каратсев со 6:3, 6:4 и 6:2.

Ѓоковиќ има максимален ефект во досегашните девет одиграни полуфиналиња во Мелбурн, а секогаш победувал и во деветте финални мечеви за трофејот.

Ривал на Ѓоковиќ во мечот за трофејот ќе биде победникот од дуелот Данил Медведев (Русија) – Стефанос Циципас (Грција). Второто полуфинале на Австралија опен е закажано за утре со почеток во 9:30 часот.

Наградниот фонд на првиот Грен слем во годината, изнесува 55,2 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.