Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во осминафиналето на Олимпијадата во Токио.

Србинот претпладнево без поголема мака го победи Германецот Јан-Ленард Штруф со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3.

Во следното коло Ѓоковиќ ќе се сретне со Алехандро Давидович Фокина од Шпанија.

Место помеѓу 16 најдобри досега изборија и Медведев, Фоњини, Карено-Буста, Кепфер, Басилашвили и Зверев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.